мкд | eng

ДОБРЕДОЈДОВТЕ
Почитувани патници

Авто Атом ДОО Кочани приватна компанија основана во 2002 година, сместена во центарот на град Кочани.

Основната дејност на компанијата е превоз на патници во земјава и страство со што располага со сопствена
автобуска станица, поседува модерни високотуристички и патнички автобуси. Во непосредна близина на
автобуската станица се наоѓаат повеќе маркети, зелен пазар, паркинг за возила и стојалиште за такси возила
со што се влијае за добрата местоположба на автобуската станица.

Во склоп на компанијата Авто Атом работи и туристичка агенција која се наоѓа во Трговскиот центар во
Кочани, како и сопствен сервис за сервисирање, одржување и поправка на автобуси. Многу годишната
традиција и квалитетот на нашите услуги се доказ за големиот број на патници кои секојдневно ги користат
нашите услуги во земјава и странство.